Top
par

Хороскопски знаци кои тешко кажуваат „Те сакам!“

Два хороскопски знаци во Зодијакот делуваат по малку ладно, но тоа е само на прв поглед. Наместо да се нервирате што не сакаат да ви кажат „Те сакам“ подобро би било да научите да ги прочитате знаците со кои тоа ви го покажуваат.

Јарец
„Студен“ е првиот впечаток за луѓето родени во овој хороскопски знак. На прв поглед изгледа како непробојна тврдина која ништо не ја погодува, но кога ќе ги процесираат нештата во состојба се да плачат цела ноќ. Секако тоа го прават само ако се сами дома. Само што ќе помислите дека срушивте еден ѕид, тој крева друг и така во недоглед. Стравот од повредување е она што го спречува Јарецот да ги покаже своите чувства и затоа ги закопува длабоко во себе. Сепак неговата фасада паѓа во вода кога ќе му покажете дека навистина ви значи. Само треба да имате трпение и челични нерви.

Лав
Лавот никогаш не може да се избори со суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост на друга личност. Никогаш нема да признае дека од нешто се срами, секогаш ќе имате впечаток дека за него знаете помалку од што тој знае за вас. Со леснотија ќе ве остави на цедило и тешко ќе прифати своја грешка. „Извини“ е збор кој нема да го каже лесно, ако воопшто некогаш успеете да го натерате да каже. Во своите мисли тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе ги покаже своите чувства.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>