Top
nokti

Како најбрзо да го исушите лакот за нокти?

Сигурно и вие ги лакирате ноктите буквално во „5 до 12“ и немате време да чекате истиот да се исуши, па почнувате да дувате на ноктите. И токму кога сте помисливте дека се исушил, ќе допрете некој предмет, лакот ќе се размачка и мора да го излакирате ноктот од почеток.

Нема жена која на која не ѝ се случило ова, а за да не ви се случи истото повторно, ви предложуваме одличен трик за брзо и ефикасно сушење на лакот за нокти.

Наполнете сад го со ладна вода и во него ставете неколку коцки лед. Излакирајте ги ноктите и сушете ги на воздух една минута. Потоа прстите ставете ги во садот со вода и лед и држете ги две минути. Кога ќе ги извадите прстите од водата ќе забележите дека на лакот се задржуваат капки, а тоа значи дека лакот се исушил.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>