Top
kafe

Како кафето делува на мускулите?

Умереното консумирање кафе има свои предности. Тоа го велат и нутриционистите кои ја потенцираат умереноста во уживањето во овој напиток кој се поврзува со будењето и расонувањето. Во продолжение прочитајте на кои начини кафето делува на мускулите.

ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ
Консумирањето кафе еден час пред вежбање го олеснува дишењето на оние луѓе кои имаат проблем со дишењето или астма.

ЈА ЗГОЛЕМУВА ЕФИКАСНОСТА НА ВЕЖБАЊЕТО
Пиењето кафе после вежбање или тренинг овозможува брзо опуштање на мускулите. Спроведените студии на австриските научници покажуваат дека кофеинот влијание на гликогенот, кој пак претставува извор на енергија за мускулите. Научниците заклучиле дека формирањето на гликоген во мускулите со истовремено дејство на кофеин ја забрзува работата за 66%.

ГИ НАМАЛУВА БОЛКИТЕ ВО МУСКУЛИТЕ
Доколку како резултат на нередовно вежбање или пренапорен тренинг имате болки во мускулите, наместо аналгетик напијте се кафе кое содржи кофеин. Резултатите на едно истражување покажуваат дека жените кои консумирале кафе после вежбање, чувствувале болка во мускулите која била 48% помала во однос на оние кои не пиеле кафе. Кофеинот ги блокира рецепторите за болка.

ГО ПОДОБРУВА ПАМТЕЊЕТО
Кофеинот влијае врз концентрацијата и памтењето. Затоа, пред важен состанок или пред да седнете да учите, напијте се шолја кафе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>