Top
budenje

Како да се разбудите без кафе?

Многумина од вас имаат обврска да стануваат рано наутро, а само мал дел без проблем стануваат во 6 часот. Навикнати сте да се будите со кафе, но треба да знаете дека тoa може да има и негативни последици. Консумирањето кофеин може да доведе до несоница и лош квалитет на сонот, а во некои случаи и до хипертензија. Затоа, од време на време будете се со некој од следниве алтернативни начини.

Истуширајте се
Допирот на телото со вода, особено ако е малку постудена, несомнено ќе ве расони.

Сонце
Истражување на Универзитетот во Лиеж покажало дека луѓето кои се изложени на силна утринска сончева светлина се многу повнимателни и нивниот мозок функционира многу поактивно. Сонцето ќе ве наполни со позитивна енергија и ќе ве разбуди со насмевка на лицето.

Утрински секс
Утринскиот секс ќе ја подобри циркулацијата. Постои ли подобро нешто од будење на телото по природен пат, со големо задоволство?

Напијте се чај од нане
Нането е билка со пријатен мирис и специфичен вкус кој освежува.

Појадувајте
Појадокот ќе ви даде енергија и ќе ви помогне да се фокусирате. Луѓето кои појадуваат рано наутро се повеќе сконцентрирани на работата.

Утринска прошетка
Наполнете ги белите дробови со свеж воздух со помош на кратка утринска прошетка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>