Секоја жена не може да се нарече дама, а тоа најдобро го покажува нејзиниото однесување во друштво и воспитувањето.
• Вистинските дами немаат тетоважи на видливи делови од телото. За нив тоа е интимна работа.
• Вистинските дами не се расправаат. Имаат став и се држат до него, односно раасправијата не ги решава проблемите.
• Вистинските дами не пушат цигари чекорејќи на улица. Пушењето е за во простории.
• Вистинските дами велат “молам” наместо “што е”. Основната култура е многу важна.
• Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Ниту премногу накитено, ниту премногу разголено. Едноставно добро изгледаат во сите прилики.
• Вистинските дами не понижуваат и не озборуваат.
• Вистинските дами помагаат секогаш кога ќе им се побара помош, секаде каде ќе видат дека е потребно нудат помош.
• Вистинските дами не изневеруваат, ниту во врските ниту во пријателствата.
• Вистинските дами немаат потреба да глумат и да се докажуваат пред луѓето, тие и онака се двојат од толпата и зрачат со однесувањето.
• Вистинските дами сакаат со цело срце и чиста душа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!