Top
zena-skorpija

Карактеристики на жената Скорпија

Многумина се плашат од неа, бидејќи веруваат дека има неверојатна моќ. Но, кога ќе ја запознаете жената Скорпија, ќе сфатите колку е таа вредна и достојна за восхит.
Жената Скорпија е верна и тоа е една од нејзините најдобри карактеристики. Ништо не може да ѝ застане на патот доколку станува збор за помагање на вистинските пријатели или човекот кој го сака. Таа е една од оние личности на кои слепо можете да ѝ верувате. Не дава лажни ветувања и лојална е до крајот на својот живот. Независна и не ѝ е потребна личност која постојано ќе внимава на неа. Иако на прв поглед изгледа мала, кревка и тивка, таа има сила и храброст како една лавица. Токму поради ова, способна е самата да се грижи за себе. Сака слобода и мрази кога ја ограничувате. Речиси секогаш е одлучна и без сомнежи. Таа длабоко размислува и си поставува свои цели кон кои храбро чекори. Сето друго е неважно додека не го оствари она што го има зацртано. На тој пат никој не може да ѝ го одземе вниманието, колку и да се труди да го направи тоа. Луѓето може да ѝ позавидуваат и на нејзината страст. Кога сака, таа ќе направи многу работи за саканата личност да биде среќна. Доколку не ве сака, подготвена е да направи многу работи за да ви го загорчи животот!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>