Top
zaveduvanje

Како да ги заведете најголемите заводници во Зодијакот?

Знаците за кои ќе прочитате во продолжение важат за најголеми заводници во Зодијакот. Тука се поставува прашањето како вие ќе успеете да ги заведете овие знаци.

Рак
Како најемотивен и најчувствителен знак, на Ракот му е потребен нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Ја цени грижливоста и забележува ако правите добри дела. Ракот по природа е предан љубовник, но ако го изневерите подготвен е за жестока освета.
Најдобро е да го заведете со романтично и спонтано заведување во опуштена атмосфера. Тој сака девојки кои пленат со својата интелигенција и кои се искрени. Ракот повеќе го цени спортскиот изглед отколку претерувањето во дотерување со скапи парчиња.

Скорпија
Скорпијата важи за најсексуален хороскопски знак во зодијакот. На овој знак не му е непозната манипулацијата за да ги задоволи своите сексуални апетити. Скорпијата има хипнотичка привлечност, едноставен проблем може да биде неспособноста да ги спои емоциите во целата приказна.
Не е лесно да го заведете, особено затоа што има навика тој да биде заводник. Со чашка алкохол повеќе неговата бариера ќе попушти и ќе имате шанса да се претставите себеси во најдобро светло.

Стрелец
По природа тој е заигран и детинест. Затоа Стрелецот ќе остане засекогаш млад во срцето. Поради својот темперамент иако е исклучително страстен спрема една личност, брзо добива потреба да се впушти во нови авантури. За сите кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор, но за оние кои сакаат сериозна врска треба да го заобиколат, секако доколку е можно.
Тој сака нежни допири. Многу му е важна смислата за хумор кај партнерката. Нема таков Стрелец кој ќе се брани ако се обидете да го бакнете.

Риби
Овој хороскопски знак ќе ви понуди многу задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да удоволуваат и најсреќни се кога луѓето околу нив се задоволни. Кога мажот Рак ќе ја запознае љубовта на својот живот, нема да има проблем кој нема да се обиде да го реши со водење на љубов.
Тој сака агресивен пристап и не сака да учествува во заведувачки игри, така да бидете смели кога ќе му пријдете.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>