Јозеф Менгеле (16 март 1911 година – 7 февруари 1979 година) e германски лекар кој го добил прекарот „Ангел на смртта“ поради неговите сурови дејства во Аушвиц и другите концентрациони логори. Тој немилосрдо вршел експерименти врз луѓе, а бил задолжен и за организацијата во логорите (на пример во гасни комори пратил приближно 400.000 луѓе). Роден е во Гинцбург, Баварија.
Јозеф Менгеле
Јозеф е заслужен за некои медицински откритија, но не сите негови експерименти биле од научна вредност, вклучувајќи ги и обидите да ја промени бојата на очите вбризгувајќи инекции со различни хемикалии во очите на децата пришто ги оставал слепи, ампутации на екстремитетите за да ги согледа реакциите во мозокот, вршел и операции (експерименти) врз мозокот на луѓето без анестезија и низа други брутални операции. Успеал да им побегне на Сојузниците, а неговиот идентитет е потврден дури во 1992 година.
Работата во Аушвиц
Менгеле го користел Аушвиц како можност да го продолжи своето истражување за наследност, користејќи ги затворениците за најразлични експериментирања. Тој бил особено заинтересиран за идентични близнаци, кои прво биле селектирани, а потоа ставени во посебни бараки. Исто така го вработил Бертолд Апштајн – педијатар со еврејско потекло. Како лекар, Бертолд Апштајн му предложил на Менгеле да ги проучува лекувањата на болеста наречена НОМА. Менгеле го интересирале физичките аномалии откриени меѓу дојденците во концентрациониот логор. Тука се вклучени луѓе со џуџест раст, особено од семејството Овиц, деца на еден романски уметник, во кој случај 7 од 10 биле џуџиња. Тие пред нивното депортирање ја обиколиле Источна Европа, како дружината Lilliput. Менгеле ги нарекувал „моето џуџесто семејство“ и сметал дека тоа е совршен израз за „ненормално“.
Семејството Овиц
Субјекитите на истражувањето на Менгеле биле подобро исхранувани и чувани за разлика од обичните затвореници, и во тоа време, биле безбедни од гасните комори. Кога ги посетувал децата, тој се претставувал себеси како „чичко Менгеле“ и им нудел слатки. Некои од преживеаните се сеќаваат дека и покрај неговите ужасни акти, тој исто така бил нарекуван заштитникот Менгеле. Во книгата „Деца од пламенот“, има белешки за медицинските експериментални активности на Менгеле врз 3.000 близнаци кои минале низ кампот на смртта – Аушвиц за време на Втората светска војна до неговото ослободување на крајот на војната. Само 26 парови близнаци успеале да преживеат. Дури 60 години подоцна, како деца кои ги преживеале неговите медицински експерименти, тие ги обелодениле посебните привилегии кои ги уживале во Аушвиц благодарение на интересот на Менгеле за близнаците, но и за нивното страдање.
Автор: Богољуб Кујунџиќ
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!