Флертувањето на работното место е многу честа појава, а научниците се согласуваат дека тоа не е лоша работа. Истражување објавено во списанието Journal of Sex and Marital Therapy, испитало 160 жени кои имале долги љубовни врски. 70% од нив признале дека се вљубиле и во некој друг освен во својот партнер додека биле во врска со него, а голем дел од нив рекле дека тоа бил некој колега од работа. Истражувачите велат дека со тоа не и наштетиле на својата врска, туку флертот со колега може да направи добро за врската. Жените се изјасниле дека флертувајќи со други мажи се случува уште повеќе да го засакаат својот партнер и зголемената желба за секс ја пренеле во својата врска. Повеќето од нив се изјасниле дека флертувањето со друг маж немало негативно влијание врз нивната врска. Флертот на работното место може да биде зачинување на врската или бракот на забавен начин. Во секој случај, треба да се биде внимателен затоа што границата помеѓу бесмислениот флерт и нешто повеќе може да биде навистина тенка. Ако почнува да се раѓа копнеж по колегата, значи дека флертот прераснал во нешто повеќе и тогаш треба да обрнете внимание да не си ја уништите врската и комплицирате животот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!