Top

Како да бидете фатална девојка?

Многу научни студии и анкети кои беа реализирани до сега покажаа дека мажите повеќе преферираат жени во црвено, без разлика на тоа дали се црнокоси, русокоси или бринети.

ЦРВЕНА Е БОЈА НА СТРАСТ
Доколку сакате да бидете фатална заводничка – облечете нешто црвено. Жената во црвено е неспоредливо повеќе секси од еднакво атрактивна жена која носи бела, зелена или сина облека. Шансите да бидете повикани да излезете на состанок со маж се дури 56% поголеми ако облечете нешто црвено.

ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО
Важно е облеката да ја носите со стил, држењето на телото мора да биде секси и гордо исправено. Погледнете ги танчерките и спортистките и земете пример од нив. Никогаш не смеете да бидете подгрбавени.

ПАРФЕМ
Кога нанесувате парфем, бидете умерени и нанесете сосем малку. Трикот е во тоа мажот да ви се доближи за да го почувствува вашиот мирис, со што веднаш му станувате заводлива. Парфем нанесете само зад увото, а пак, тоалетна вода испрскајте пред себе и потоа само поминете низ мирисниот облак.

ИСТАКНЕТЕ ГИ ОЧИТЕ И УСНИТЕ
Мажите многу повеќе ги привлекуваат нашминкани жени, а како вистински магнет делува контрастот помеѓу темно нашминканите очи и светлите усни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>