Top

Недостатоци кои мажите ги обожаваат

Факт е дека совршенство не постои. Сите имаат свои недостатоци без разлика дали станува збор за посилниот или понежниот пол.

Во продолжение ви наведуваме пет несовршености кај жените кои мажите ги обожаваат.

КУКАСТ НОС
Популарниот грчки профил не е омилен кај жените. Малку накривен нос не е никаков проблем и не би требало да претставува комплекс бидејќи на мажите таквиот нос им е симпатичен.

СТОМАЧЕ
Мажите ги обожаваат облините, меките делови на женското тело, па така и малото, заоблено стомаче не само што не им пречи, туку уживаат во него.

МАЛИ ГРАДИ
Повеќето мажи сакаат бујни гради, но ни малите гради не се помалку заводливи. Бројни анкети покажале дека голем број на мажи ги сметаат малите гради за секси, особено кога се без градник.

РАЗДЕЛЕНИ ПРЕДНИ ЗАБИ
Ванеса Парадис, Мадона, Џорџиа Џегер и многу други светски убавици се препознатливи и шармантни токму поради разделените предни заби. Насмевнете се и храбро покажете ја својата секси насмевка.

ОПУШТЕН ИЗГЛЕД
Нема сомнеж дека мажите сакаат “тип-топ” средени жени, но шармот на лицето без шминка, разбушавената коса и широкиот блузон се она што ќе направи мажот да се вљуби во вас.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>