Ако не сте сигурни дали вежбате ефикасно, истото можете да го воочите согласно бројот на срцеви отчукувања и чувството на глад поале тренингот.
Болките во мускулите кои се појавуваат после вежбањето се показател дека тренингот бил добар. Таквата болка може да трае од 2-4 дена после тренингот и значи дека телото се прилагодува на моменталниот режим. Во тие моменти не треба да мирувате и да чекате да помине болката. Наместо тоа, продолжете да вежбате и ако имате потреба напијте се апче против болки.
Максималниот број на срцеви отчукувања во минута се одредува според формулата: 220 минус бројот на години. Луѓето кои имаат 30 години, ќе имаат максимален број од 190 отчукувања во минута. Рекреативците треба да вежбаат во зоната помеѓу 60 и 85% од сопственото максимално оптеретување. Во овој пример, тоа би значело помеѓу 114 и 160 отчукувања во минута.
Уште еден знак за добар тренинг е и зголемениот апетит. Зголемената потреба за храна, без оглед дали станува збор за глад неспоредно после тренинг или општо, е нормална бидејќи потрошувачката на енергија е зголемена. Јадете првиот половина час после тренинг.
Во текот на квалитетен тренинг нормално е да се потите. Секако дека не се потат сите подеднакво, но би требало барем да имате чувство дека ви е многу топло.
Ако едвај успевате да излезете од теретана, сте претерале. После добар тренинг треба да чувствувате дека ништо не ви претставува препрека.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!