Top
dieta

Диетата започнува од главата

Многу пати сме сведоци дека сѐ почнува од главата. Токму овој принцип може да се примени и кога станува збор за диета. Ако одлучиме да јадеме поздраво, нема да биде доволно да се фокусираме само на зеленчук, да го намалиме внесот на масти и јаглехидрати, туку и да размислуваме на одреден начин.

Една германска студија спроведена на оваа тема покажала дека луѓето кои размислуваат за здрава храна додека подготвуваат оброци, сервираат помали порции, што е клучен фактор за губење и одржување на телесната тежина. Учесниците во студијата биле поделени во три групи. Првата група требала да се фокусира на здравствените придобивки од храната, втората да ужива во вкусот, третата на ситоста, додека контролната група не добила никакви упатства за однесување. Најмали порции одбирале испитаниците од првата група, што значи дека кога свесно размислуваме за здравствените придобивки, донесуваме подобри одлуки кога е во прашање храната.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>