Top
Prijatelkite_pred_soprugot_web_iLike

Дали пријателките се поважни од сопругот?

Кога ќе дојде викенд, многу мажени жени се свртуваат кон своите најблиски пријателки за да го поминуват времето на што попријатен начин. Од 3.000 анкетирани жени, секоја трета изјавила дека предност дава на друштвото. Кога е во прашање шопинг, две од три велат дека попрво ќе одат со пријателката отколу со сопругот, затоа што жената знае подобро да ги посоветува, а притоа не се жали поради цената на некои артикли. Одењето во салон за убавина, оброк или кафе испиено во друштво со пријателката се наоѓа веднаш зад шопингот, на списокот на најпопуларните женски активности за време на викендот.

Речиси половина од испитаничките се пожалиле дека нивниот партнер не е лице во чие присуство можат слободно да разговараат, а десет проценти признаваат дека не можат да се однесуваат онака како што сакаат со партнерот близу до себе, како што може во друштво на пријателката.

Своите женски пријателства ги сметаат за голем успех, а многу од нив траат и подолго од 35 години, кај некои дури од градинките.

На многу претставнички од понежниот пол, пријателките им биле најголема поддршка во тешките животни моменти. Поголем број на жените своите проблеми попрво би ги споделиле со пријателките отколку со сопругот, што според зборовите на психологот, Џон Фостер, би требало да го загрижи посилниот пол.

Речиси 90% од жените тврдат дека пријателките повеќе се заинтересирани за квалитетот на нивниот живот, отколку нивните брачни партнери, па не е чуден фактот, што дури половина од жените своите пријателки секогаш ги ставаат пред партнерот и неговите проблеми.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>