Top
Cveklo-iLike-mk

Цвекло за убава кожа и коса

Сигурно веќе знаете дека цвеклото е одлично за крвта. Но, освен тоа, одлично делува на кожата и косата.

Сокот од цвекло треба да се пие редовно, бидејќи неговите нутриенти делуваат одлично на кожата. Свежо цедениот сок од цвекло, чист или помешан со сок од јаболка, ја спречува појавата на акни. За отстранување на мртвите клетки, хидратација и за мекост на кожата, сокот од цвекло можете да го нанесувате на лицето. Тој има моќни антиоксиданси кои ја штитат кожата од прерано стареење, го спречуваат создавањето на брчки и линии. Ликопенот дава еластичност на кожата и ја заштитува од сончевите зраци.

Цвеклото е богато со протеини, калиум, фосфор, калциум, витамин Б и витамин Ц. Сето тоа ја подобрува циркулацијата и го зголемува растот на косата, го решава проблемот со првут, мрсна или сува коса.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>