Top
baknez

Бакнеж – најубавата средба на светот

Секој ден, секој од нас подарува и прима бакнеж за добро утро, добар ден, добра ноќ, за помирување, за искажување чувства…

Стилот на бакнување потекнува од мајчината утроба
2/3 од луѓето ја навалуваат главата на десната страна кога се бакнуваат. Германски научници велат дека тој инстинкт потекнува уште од мајчината утроба во која сме имале тенденција да ја навалуваме главата на истата страна.

Вежба за лице
Бакнежот активира 146 мускули, од кои 34 се мускули на лицето и 112 се постурални. Ова звучи како сериозна вежба на лицето.

Постои наука за бакнежите
Филематологија е наука за бакнежите, а Меѓународен ден на бакнувањето е 5-ти февруари.

Најдолгиот бакнеж во светот според Гинис
Според Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот бакнеж траел 58 часа, 35 минути и 58 секунди истиот е резултат на еден пар од Тајланд.

Италијаните се бакнуваат најстрастно
65% од луѓето во светот многу ретко се бакнуваат страстно, додека 75% од италијаните го прават токму тоа неколку пати неделно.

Колку пати се бакнуваме во текот на животот?
Секоја личност во текот на својот живот се бакнува во просек 20.16о минути, што е приближно еднакво на еден летен одмор.

Неверојатни здравствени придобивки
Согорува калории, го зајакнува имунолошкиот систем, ги ублажува болките и спречува кариес.

Колку бакнежи треба до принцот?
Жената во просек бакнува 15 мажи пред да го најде вистинскиот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>