Top
soino-mleko

Aлтернативни извори на калциум

Млечните производи се најголем извор на калциум кој му е потребен на нашиот организам. Американски медицински институт препорачува внесување 1000mg калциум дневно. Многу луѓе имаат проблем со млеко и млечни производи, па калциумот мора да го бараат во други извори. Токму затоа, треба да знаете кои вкусни и здрави намирници се богати со овој вреден минерал.

  • Црвен грав
    Најраспространет е во Јужна Америка, а кај нас може да се најде во продавници за здрава храна. Овој вид на грав е богат со калциум, калиум, фолна киселина и има голема хранлива вредност.
  • Брокула
    Овој тип на зеленчук е познат по тоа што се користи како превенција за некои облици на карцином. Варена со неколку капки маслиново масло, брокулата е богат извор на калциум. За уште поголемо дејство се препорачува сирова брокула во салата.
  • Сок од портокал
    Овој пијалок се препорачува наутро. Една чаша сок од портокал во комбинација со здрав појадок е одличен извор на калциум.
  • Лосос
    Лососот е богат со протеини и омега-3 масни киселини. Се препорачува негова консумација неколку пати неделно, бидејќи во 50g лосос има 181mg калциум.
  • Соино млеко
    Ова млеко е иделна замена за кравјо или козјо млеко. Во една шолја соино млеко има 368mg калциум. Освен тоа, соиното млеко не предизвикува проблеми во варењето на храната.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>