Top

АЛШАР

Во пресрет на викендот, настрана од урбаната џунла, уште еден предлог за посета на малку познатите, егзотични и емотивно топли места во Македонија. Рудникот – Алшар, контрадикторна локација, која често ја буди фантазијата, но заради својата комплексност ретко кој ја допира темата надвор од сферата на научната фантастика. Таинствениот рудник во близина на Кавадарци е сместен на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал Лорандит.

Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20 век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.

Во 1986 година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија. По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрени.

Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости.

Во “Алшар” досега се регистрирани десетици видови минерали. Од нив дури седум ги има само во Македонија, а за најзначен се смета – лорандитот.

Заради ова и македонски стручњаци се вклучени во експериментот кој може да ја измени алармантната состојба на загадувањето со фосилни горива и да се дојде до производство на еколошки чиста енергија.

Со овие истражувања се очекува да се покаже како се создава енергијата на сонцето и на таа база создавање на нов моќен енергетски извор, соодветен на онаа од сонцето.

Ова значи дека би можело да се произведуваат т.н “мали сонца”, што би ги заменило атомските централи, а не се радиоактивни. Уште пред стотина години од “Алшар” испитувале руда елитните Универзитети во Прага, Виена, Будимпешта и за она време биле пронајдени дотогаш непознати минерали.

Во 250 000 тони руда која содржи 2% арсен, 2,5% антимон и 0,1% талиум што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот, кој пак се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии.

Својства на Лорандитот

За Лорандитот се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов. Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.

Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.

Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено “вештачко сонце” кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии.

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена.

Митот за Александар Велики и Лорандитот

За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат се до Античка Македонија и славниот Александар Македонски

Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Кутлеш. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето.

Потрагата по минерали и злато, или зошто се сите заинтересирани за Алшар

Најстариот жител на Мајден, Никола Бинов, вели: – Стар сум и не можам многу да спијам. Постојано сум на нозе. Ноќе и дење. Во последниве две-три години низ селово, а потоа кон “Алшар”, што е на две-триста метри од овде, одат и се враќаат непознати луѓе со автомобили и комбиња со и без регистарски таблички. Најмногу од нив се со бугарски национални ознаки. Знам дека сите тие бараат ретка руда, а најмногу злато и талиум. Двапати со мои очи сум ги видел донеодамнешните министри Љубе Бошкоски и Марјан Ѓорчев. Сум слушал дека Бошкоски се интересира за златото во „Златица” и некои други рудници околу Кратово. Истото и овде се случува. Поминувале непознати, товарале руда од „Алшар” и заминувале. Едно време, до пред осум-девет месеци кај „Алшар” имаше тројца непознати коишто шетаа со оружје, вели чико Никола.

Лево, на двесте метри од „Алшар” има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму. Уште полево од „Алшар” и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу „Алшар”, познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.

Алшар е на само час и половина возење со кола од Скопје и уште половина час пешачење. А во околината имате неколку села во кои можете да вкусите автентична кујна од овој регион на Македонија. Ранецот на грб и убав викенд!

Автор: Леон Бакрачески




2 Коментари

  • Frosina Malcheska вели:

    Sekoja cest Leon za postovite na iLike.mk! Za Alshar bi mozelo samo da se dodade deka blagodarenie na mineroloskiot sostav, ovoj region izobiluva so endemicni i retki vidovi na flora i fauna. Megu niv se i dva vida temjanuski, Viola alcharensis i Viola arsenica, retki vidovi recni rakovi i eden podvid na coveckata ripka, za koj do pred izvesno vreme se veruvase deka postoi edinstveno vo Postoinska Jama vo Slovenija i mnogu drugi.

  • nekoj nekovski вели:

    Заборавивте да кажете дека рудникот е полн со рубини, и ве лажат дека е лорандит за да си прават астрономски париња овие горе

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *