Top

И ЈАС СУМ ДЕТЕ (втор дел во обид)


И ЈАС СУМ ДЕТЕ

(втор дел во обид)

Гадно се зафркнав кога помислив дека ќе бидам во состојба да продолжам со втор дел на “стихотворбата” наречена И ЈАС СУМ ДЕТЕ… Без проблем успеав да најдам зборови со кои би ги опишал тинејџерките во современа варијанта, а кога дојде редот истото да го направам за тинејџерите- останав без зборови.

Тоа не се случува поради фактот дека сум воодушевен од нив, нивното однесување, поради начинот на кој го живеат својот живот,  или најразличните “корисни” активности кои ги практикуваат… НЕ! Сигурно не е поради тоа… што е проблемот тогаш?? Толку ли се прости и едноставни што целата заедница на млади недозреани “момци” можеш да ја опишеш со три збора??  Или два, сеедно. Грешам, ни со еден не можам.

Што би рекле старите- ”на времето додека бевме млади”, кога ќе ги фатеше пубертетот, размислуваа 24/7 за секс… Ми текна. Да се обидам сега:

Во свое име,

те прашувам јас…

Дали да те легнам

или да ти пуштам гас…

И толку. Тука прекинува сета инспирација, ако воопшто може да се каже дека ја имав. Сепак е добро, напредуваме… мислеле на секс, тоа е вообичаено, и сега веројатно се преокупирани со тоа.

А што па му ја мислам толку?? Демек да се трудам да имам што подобар текст за колку повеќе лајкови?? Немам намера…

Ма ни сексуално едукативните филмови, да не речам (а ќе речам) порно филмови не ги интересираат веќе! Преокупирани се со себе. Бетер од жени станале! Се лицкаат 2 саати пред излегување, па и пудри ставаат подочњаците да не им се познаваат. Знаат да набројат повеќе марки креми отколку некој стручен козметичар.

Сите бре наеднаш билдери станаа, креветот  го заменија со бенч, а храната со протеини. Се гледаат пред огледало и мислиш ќе се изедат од самозаљубеност! Уште да почнат да се мачкаат со антицелулитни креми, што секако не би ме изненадило.

Да не должам многу и да им се извинам на чесните исклучоци, ќе завршам со мислата дека во секое лошо има помалку добро… Добро е тоа што се депилираат, лошо е што се депилираат на ПОГРЕШНОТО место!!!

Јазик со трајна депилација




1 Коментар

  • Marija Stojanovska вели:

    Sepak se raboti za vkus,ima nekoi si sakat depilirani maski.
    Emi aj sega ako se maski pa da ne se sreduvaat da ne koristat kremi,i ako mozi ednas nedelno neka se kapat.
    Apel do site maski: KAko sto zenskoto vas vi izglda NEPRIVLECNO ako ne e sredeno,taka i vie ni izgledate neprivlecno ako ne ste sredeni.
    I na solici toa 6 kila vlakna na gradite i uste tri kila na grboti.
    I druga rabota maskoto so vlakva pod miska, e skolono kon poveke pot.Soocete so faktot.I prevzemete nesto!

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>