Top

Добар ден (8-ми декември)

8-ми декември е 342-иот ден во годината според григоријанскиот календар (343-и во престапна година). Остануваат 23 денови до крајот на годината.

Настани:
1914 – Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе свати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.
1925 – По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко – расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.
1948 – Во Лерин три жени Македонки од селото Екши – Су, леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.
1994 – Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција.
1997 – Двете најголеми швајцарски банки соопштија дека се интегрираат, со што се формира најголема банкарска актива во светот со фонд во вредност од еден трилион долари.
883 – Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.

Родени:
1542 – Марија Стјуарт, кралица на Шкотска и Франција.
1626 – Кристина, кралица на Шведска.
1886 – Диего Ривера, мексикански уметник.
1933 – Лев Борисов, руски актер.
1943 – Џим Морисон, американски пејач и текстописец на рок групата The Doors.
1948 – Виктор Габер, македонски дипломат.
1958 – Виталиј Мутко, руски политичар.
1961 – Ермис Лафазановски, македонски раскажувач.
1962 – Џеват Адеми, македонски политичар.
1964 – Тери Хачер, американска глумица.
1965 – Ибрахим Муртезани, поранешен член на ОНА.
1981 – Азра Акин, турско-холандска актерка и модел.
1983 – Елена Дембо, руска шахистка.
1983 – Павел Погребњак, руски фудбалер.
1984 – Златко Даскаловски, македонски ракометар.
1984 – Ники Минаж, рап пејачка.
1991 – Лиан Пеиксинг, кинеска кануистка-спринтер.

Починале:
1638 – Иван Гундулиќ, хрватски поет и драмски писател.
1980 – Џон Ленон, еден од основачите и „идолот“ на британската музичка група „Битлси“.

Празници:
* Свети Климент Охридски – државен празник во Република Македонија
* Студентски празник во Бугарија и Македонија

Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *