Top

Добро утро (9-ти декември)

9-ти декември е 343-иот ден во годината според григоријанскиот календар (344-и во престапна година). Остануваат 22 денови до крајот на годината.

Настани:
1824 – Легендарниот латинско – американски водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска.
1905 – Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата.
1940 – Втора Светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на Осмата британска армија против германските окупациони трупи.
1961 – Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26.04.1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија.
1997 – Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.

Родени:
1594 – Густав II Адолф, крал на Шведска.
1608 – Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир.
1881 – Војин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1842 – Петар Кропоткин, руски теоретичар.
1895 – Долорес Ибарури – Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење.
1962 – Фелисити Хафман, американска актерка.

Починале:
1565 – Пиј IV, римски папа.
1669 – Климент IX, римски папа.
1910 – Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика.
1943 – Никола Парапунов, македонски револуционер.
1944 – Андреј, принц на Грција.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *