Top

Добар ден (10-ти декември)

10-ти декември е 344-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (345-и во престапна година). Остануваат 21 денови до крајот на годината.

Настани:
1868 – Првите семафори биле поставени во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба.
1901 – Доделени се првите Нобелови награди.
1913 – Познатата слика на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“ е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.
1936 – По само 325 дена на британскиот трон, Едвард VIII абдицирал за да може да се ожени со својата избраничка Волис Симпсон. Го наследил неговиот брат принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II.
1948 – Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права.
1964 – Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.
1991 – Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах.
1992 – Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.

Родени:
1822 – Сесар Франк, француски композитор од белгиско потекло, оргулист, еден од најголемите творци во француската музика во 19 век.
1843 – Роберт Кох, германски лекар и бактериолог (†1910)
1912 – Карло Понти, италијански кинематографски продуцент
1954 – Љубомир Михајловски, македонски политичар и правник.
1955 – Ким Мехмети, македонски писател.

Починале:
1041 – Михаил IV , византиски император
1618 – Авероес, арапски философ.
1618 – Џулио Качини, италијански композитор.
1865 – Леополд I, крал на Белгија.
1896 – Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец.
1926 – Никола Пашиќ, српки политичар и државник.
1928 – Чарлс Рени Мекинтош, шкотски архитект.
1936 – Луиџи Пирандело, Италијански писател.
1962 – Василие Поповиќ – Цицо, македонски сликар, карикатурист и сценограф.
1999 – Фрањо Туѓман, претседател на Хрватска.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *