Top

Добар ден (11-ти декември)

11-ти  декември е 345-иот ден во годината според григоријанскиот календар (346-и во престапна година). Остануваат 20 денови до крајот на годината.

Настани:
1816 – Индијана станува 19-та американска држава.
1937 – Италија го напушта Друштвото на народите.
1941 – Втора Светска војна: САД им објавија војна на Германија и на Италија.
1941 – Втора Светска војна: Германија и Италија објавуваат војна на САД.
1946 – Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк.
1958 – Горна Волта (Буркина Фасо) ја објавува својата независност од Франција
1972 – Американските астронаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“.
1993 – Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија.
2008 – Во Њу Јорк е уапсен Бернард Мејдоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29. јуни 2009. на 150 години затвор без право на помилување.

Родени:
1475 – Лав X, римски папа.
1803 – Хектор Берлиоз, француски композитор.
1843 – Роберт Кох, германски лекар.
1856 – Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф.
1882 – Макс Борн, германски математичар.
1910 – Димо Тодоровски, македонски вајар.
1913 – Жан Маре, француски актер.
1918 – Александар Солженицин, руски писател.
1934 – Томислав Чокревски, македонски политичар.
1951 – Катица Ќулавкова, македонски писател
1952 – Андреа Де Карло, италијански писател.
1968 – Фабрицио Раванели, италијански фудбалер.

Починале:
384 – Дамасиј I, римски папа.
711 – Јустинијан II Ринотмет, византиски император.
861 – Ал Мутавакил, арапски калиф.
905 – Леонтиј, византиски император.
969 – Никифор II Фока, византиски император.
1282 – Михаил VIII Палеолог, византиски император.
1686 – Луј II од Конде, француски офицер.
1918 – Иван Цанкар, словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
1948 – Стерос Влахвеис, андарстки капетан.
1987 – Јаша Хајфец, еден од најголемите виртуози на виолина на 20 век.
1991 – Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач.

Празници:
* Буркина Фасо – Ден на Републиката


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *