Top

Добро утро (12-ти декември)

12-ти декември е 346-иот ден во годината според григоријанскиот календар (347-и во престапна година). Остануваат 19 денови до крајот на годината.

Настани:
1642 – Холандскиот морепловец Абел Тасман го откри островот Нов Зеланд, кој се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Британска колонија е од 1841 година, а британски доминион е од 1907 година, кога влезе во составот на Британската заедница на народите на независна држава.
1963 – Кенија стана независна држава и беше прогласена за Република во рамките на британскиот Комонвелт.
1979 – НАТО дозволи инсталирање на евроракети во Европа.
1997 – Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн на една аукција во Сотби е продадено за 387.500 американски долари.
1997 – Во Париз почна судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој е обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 70-те и 80-те години.

Родени:
1866 – Андреј Љапчев, премиер на Бугарија.
1821 – Гистав Флобер, француски писател.
1922 – Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика.
1923 – Ог Мандино, американски писател .
1929 – Џон Озборн, англиски драмски писател.
1939 – Мајкл Газанига, професор по психологија.
1948 – Срѓан Керим, македонски политичар и дипломат.
1973 – Jане Николоски, македонски фудбалер.
1984 – Даниел Агер, дански фудбалер.

Починале:
1574 – Селим II, отомански султан.
1958 – Слободан Јовановиќ, српски политичар.
1983 – Дарко Дамески, македонски актер.
1993 – Јожеф Антал, премиер на Унгарија.
2008 – Лилјана Минова – Ѓуркова, истакнат македонист.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *