Top

Добро утро (13-ти декември)

13-ти декември е 347-иот ден во годината според григоријанскиот календар (348-и во престапна година). Остануваат 18 денови до крајот на годината.

Настани:
1294 – По пет месеци по изборот, Папата Целестин V абдицирал за да се посвети на испосништвото. Тоа е единствен случај на абдикација на папа.
1545 – Започнал Соборот од Тренто, деветнаесетти вселенски собор на католичката црква, кој со прекини траел 18 години.
1642 – Холандскиот морепловец Абел Тасман бил првиот европеец кој стигнал до Нов Зеланд.
1992 – На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1995 – Генералното собрание на ООН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.

Родени:
1521 – Сикст V, римски папа.
1553 – Анри IV, крал на Франција.
1816 – Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец.
1869 – Анри Матис, француски сликар и скулптор.
1943 – Мануел Вилар Јр., филипински бизнисмен и политичар.
1981 – Ејми Ли, американска пејачка/текстописец (Evanescence)

Починале:
558 – Хилдеберт I, франкски крал.
1124 – Каликст II, римски папа.
1754 – Махмуд I, отомански султан.
1881 – Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони.
1931 – Гистав Ле Бон, француски социопсихолог и социолог.
1983 – Никита Станеску, великан на романската литература.
1993 – Јон Исаја, македонски актер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *