Настани:
1782 – За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје.
1911 – Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.
1955 – Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации.
1964 – Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.
1994 – Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ.
1995 – Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.
Родени:
1503 – Нострадамус, француски јасновидец.
1546 – Тихо Брахе, дански астроном.
1564 – Вилем Класон Хеда, холандски сликар на мртва природа
1870 – Карл Ренер, австриски претседател
1895 – Џорџ VI, крал на Велика Британија.
1897 – Курт Шушниг, австриски политичар.
1901 – Павле, крал на Грција.
1938 – Игнатие Богдановски, македонски политичар.
1947 – Дилма Русеф, претседател на Бразил.
1970 – Ана-Марија Јопек, полска џез и поп-пејачка.
1979 – Мајкл Овен, англиски фудбалер.
1979 – Софи Монк, австралиска пејачка и актерка.
Починале:
872 – Адријан II, римски папа.
1788 – Карлос III , крал на Шпанија.
1799 – Џорџ Вашингтон, американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 – 1797).
1861 – Алберт Саксокобургготски, сопруг на британската кралица Викторија.
1940 – Марија Георгиевна, принцеза на Грција.
1974 – Волтер Липман, американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања.
1983 – Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1989 – Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и Нобеловец.
1997 – Џовани Ањели, „некрунисан крал“ на концернот FIAT, наследник на целокупното царство на FIAT.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!