Top

Добро утро (15-ти декември)

15-ти декември е 349-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (350-и во престапна година). Остануваат 16 денови до крајот на годината.

Настани:
1891 – Џејмс Нејсмит им ја претставил на своите ученици првата верзија на кошарката, со по девет играчи и корпи на земја.
1941 – Греманските војници егзекутирале над 15.000 евреи во Дробицки Јар, близу до Харков, денешна Украина.
1945 – Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт.
1946 – Во Скопје започнаа првите предавања на Филозофскиот факултет, прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес Св. Кирил и Методиј.
1961 – Судот во Ерусалим го осуди на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.
1994 – По едномесечна политичка криза, Џон Брутон стана нов премиер на Република Ирска.
1999 – Борис Трајковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.

Родени:
37 – Нерон, римски император (п. 68).
130 – Луциј Вер, римски император.
1657 – Мишел-Ришар Делаланд, француски барокен композитор.
1802 – Јанош Бојаи, прочуен унгарски математичар.
1832 – Александар Густаф Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова Кула.
1852 – Анри Бекерел, француски физичар.
1886 – Александар Станишев, бугарски лекар, научник и политичар.
1907 – Оскар Нимаер, бразилски архитект.
1912 – Реј Имс, американска дизајнерка и архитект.
1916 – Морис Вилкинс, англиски биолог.
1981 – Роман Павличенко, руски фудбалер.

Починале:
1025 – Василиј II Македонецот, византиски император.
1966 – Волт Дизни, творец на модерниот цртан филм.
2004 – Гого Ивановски, македонски поет и раскажувач.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *