Top

Добро утро (7-ми декември)

7-ми декември е 341-иот ден во годината според григоријанскиот календар (342-и во престапна година). Остануваат 24 денови до крајот на годината.

Настани:
43 п.н.е. – Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и философи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија.
1900 Макс Планк ги открил законите за зрачење на црното тело.
1917 – Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австро – Унгарија.
1941 – Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Пацификот.
1988 – Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе.
1995 – Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.
2005 – Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од хашкиот трибунал, на Канарските острови.

Родени:
1598 – Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености.
1906 – Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
1909 – Никола Јонков Вапцаров, македонски пролетерски поет и револуционер.
1928 – Ноам Чомски, американски лингвист и политички активист.
1976 – Маја Апостолоска, македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка.

Починале:
1894 – Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер
1993 – Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *