Top

Добро утро (6-ти декември)

6-ти декември е 340-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (341-и во престапна година). Остануваат 25 денови до крајот на годината.

Настани:
1768 – Објавено е првото издание на Енциклопедија Британика.
1897 – Лондон станал првиот град во кој таксистите добивале лиценци за работа.
1917 – Објавена е независноста на Финска.
1917 – Во Експлозијата во Халифакс, во Канада, предизвикана од судир на бродови со муниција, загинале над 1900 луѓе и бил уништен поголем дел од градот.
1929 – Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас.
1941 – Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени.
1991 – Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада.

Родени:
1421 – Хенри VI, англиски крал.
1833 – Јован Јовановиќ – Змај, српски поет.

Починале:
1926 – Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот.
1983 – Роберт Олдрич, американски филмски режисер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *