Настани:
680 – Започнал Шестиот Екуменски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16. септември 681. година, била дека Исус има двојна природа – човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитистите дека има само божја природа.
1665 – Започнал да излегува најстариот преживеан весник, „Лондон Газет“.
1917 – (23. октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција.
1944 – Ослободен е Охрид.
1995 – Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.
2004 – Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата.
Родени:
630 – Констанс II Ираклиј, византиски император.
1787 – Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот јазик и азбука.
1829 – Марко Цепенков, собирач на народни умотворби.
1867 – Марија Склодовска – Кири, француски научник.
1879 – Лав Троцки, руски революционер.
1888 – Венката Раман, индиски физичар.
1903 – Конрад Лоренц, австриски зоолог.
1913 – Албер Ками, француски писател.
1943 – Мајкл Спенс, американски економист.
1950 – Таки Фити, македонски економист.
1951 – Стефан Софијански, бугарски политичар.
1967 – Дејвид Гета, француски диџеј.
Починале:
644 – Омар ибн ал-Катаб, вториот калиф на исламот.
1550 – Џон Арасон, последниот римокатолички епископ на Исланд.
1817 – Жан Андре Делик, швајцарски геолог и метеоролог.
1850 – Феликс Арвер, француски поет и драматург.
1878 – Абрам Рабинович, советски шахист.
1980 – Стив Меквин, американски актер.
1992 Александар Дубчек, словачки политичар.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!