Настани:
355 – Констанциј II го прогласил Јулијан Отпадник за цезар.
1315 – Данте Алигиери е осуден на смрт.
1512 – Фернандо Магелан пристигна на Молучките острви.
1860 – Абрахам Линколн станал претседател на САД.
1942 – Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“.
1943 – Втора Светска војна: Советската армија го ослободил градот Киев.
1944 – Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1984 – Роналд Реган повторно е избран за претседател на САД.
1996 – Хрватска била примена во Советот на Европа.
Родени:
1479 – Хуана I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон.
1494 – Сулејман Величенствениот, отомански султан.
1661 – Карлос II , крал на Шпанија.
1787 – Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот литературен јазик.
1814 – Адолф Сакс, белгискиот призводител на дувачки инструменти.
1909 – Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент.
1921 – Јован Кокаловски, македонски поет, новинар и публицист.
1939 – Јордан Добревски, македонски писател за деца и драмски автор.
1948 – Роберт Хибнер, германски шахист.
1987 – Ана Ивановиќ, српска тенисерка.
Починале:
1032 – Папа Јован XIX, римски папа.
1406 – Папа Инокентие VII, римски папа.
1632 – Густав II Адолф, шведски крал.
1836 – Шарл X, француски крал.
1893 – Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век.
1915 – Христо Чернопеев, бугарски офицер, учесник во македонското револуционерно движење.
1933 – Андреј Љапчев, премиер на Бугарија.
1989 – Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!