Top

Добар ден (5-ти ноември)

5-ти ноември е 309-иот ден во годината според григоријанскиот календар (310-и во престапна година). Остануваат 56 денови до крајот на годината.

Настани:
1492 – Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува царевката.
1630 – Со мирот во Мадрид заврши Англиско – шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно.
1854 – Кримска војна: Битка кај Инкерман.
1940 – Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД.
1956 – Британските падобранци се спуштија во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет за контрола на Суецкиот канал. Со енергична акција на Обединетите нации и САД, агресијата беше запрена, но остави политички последици врз целиот регион и врз светот.
1969 – САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех.
1992 – Демократскиот кандидат, гевернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.
2009 – Садам Хусеин е осуден на смрт.
2008 – Барак Обама стана претседател на САД.

Родени:
1615 – Ибрахим I, отомански султан.
1701 – Пјетро Лонги, Венецијански сликар.
1854 – Пол Сабатје, француски хемичар и нобеловец.
1912 – Александар Гаревски, македонски градежен инженер.
1913 – Вивиен Ли, англиска филмска и театарска актерка.
1931 – Бранко Гапо, македонски филмски режисер.
1931 – Милчо Ристов, македонски академ.
1936 – Иван Стамболиќ, српски политичар.
1959 – Мирче Клечкароски, македонски поет.
1959 – Брајан Адамс, канадски рок-музичар, гитарист и фотограф.
1971 – Џони Гринвуд, член на групата Radiohead.
1992 – Магомед Оздоев, руски фудбалер.

Починале:
1515 – Мариото Албертинели, Италијански сликар.
1879 – Џемс Кларк Максвел, шкотски физичар.
1980 – Бане Андреев, активист на комунистичкото, работничкото и студентското движење во Југославија и Македонија.
1992 – Арпад Ело, унгарско-американски физичар, статистичар и шаховски мајстор.
1994 – Милан Младеновиќ, фронтмен на култната екс-ју група од Белград – „Екатерина Велика“ (ЕКВ).


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *