Настани:
1814 – Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.
1893 – (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944 – Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004 – САД ја признаа Република Македонија под уставното име.
Родени:
1575 – Гвидо Рени, Италијански сликар.
1840 – Огист Роден, француски скулптор.
1956 – Џордан Рудес, клавијатурист на американската прогресивна метал група Dream Theater.
Починале:
1847 – Феликс Манделсон – Бартолди, германски композитор, пијанист и диригент.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!