Top

Добро утро (3-ти ноември)

3-ти ноември е 307-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (308-и во престапна година). Остануваат 58 денови до крајот на годината.

Настани:
1903 – Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантикот и Пацификот. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот канал.
1918 – Во Падова, Италија, Австро-Унгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австро-Унгарија.
1944 – На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944 – Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951 – Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 г. Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција.
1992 – Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993 – Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ – Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004 – Републиканецот Џорџ Буш, по втор пат е избран за претседател на САД. Џорџ Буш, кој е 43-тиот американски претседател, на должноста стапи на 20 јануари 2001 година. Буш е син на Џорџ Буш Постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.

Родени:
1749 – Даниел Радерфорд, шкотски физичар и хемичар.
1801 – Винченцо Белини, италијански композитор.
1901 – Леополд III, крал на Белгија.
1945 – Герд Милер, германски фудбалер.

Починале:
1954 – Анри Матис, француски сликар и вајар.
1988 – Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика.
1989 – Никола Солдатов, познат македонски новинар.
2007 – Александар Дедјушко, руски глумец.
2010 – Виктор Черномирдин, премиер на Русија

Празници:
* Ден на независност на Панама (1903), Доминика (1978) и Микронезија (1986).


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *