Top

Добро утро (2-ри ноември)

2-ри ноември е 306-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (307-и во престапна година). Остануваат 59 денови до крајот на годината.

Настани:
676 – Папа Дониј станал папа.
1570 – Голем наплив од Северното море ги разурнал бреговите од Холандија до Данска, при што загинале над 1000 лица.
1687 – Од султанскиот престол на Отоманската империја бил симнат Мехмед IV.
1789 – Во Франција е национализиран голем дел од недвижниот имот на Католичката црква.
1795 – Француска револуција: Почеток на француската директорија.
1914 – Русија ѝ објавила војна на Отоманската империја.
1936 – Формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС).
1936 – Пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација ББЦ (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес.
1953 – Пакистанскиот парламент ја прогласил државата за Исламска Република Пакистан.
1956 – Унгарија објавува дека излегува од Варшавскиот пакт.
1965 – Албанскиот лидер Енвер Хоџа објавува дека неговата земја влегува во сојузнички односи со Кина.
1991 – Патријарх Вартоломеј I станал вселенски партијарх, односно патријарх на Цариградската Патријаршија.
1988 – За прв пат на интернет се појавил вирус.
1999 – Црна Гора ја вовела германската марка за своја валута.
2004 – Џорџ Буш станал претседател на САД.

Родени:
69 п.н.е. – Клеопатра, последниот владетел на Египет кој владеел како Египетски фараон.
1699 – Жан-Батист-Симеон Шарден, француски сликар.
1755 – Марија Антоанета, принцеза на Австрија и кралица на Франција и на Навара.
1795 – Џејмс Полк, претседател на САД.
1815 – Џорџ Бул, британски философ и математичар.
1844 – Мехмед V, отомански султан.
1854 – Исидор Гунсберг, британски шахист.
1865 – Ворен Хардинг, претседател на САД.
1906 – Лукино Висконти, Италијански филмски режисер, сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа.
1929 – Ричард Тајлер, канадски физичар.
1932 – Стојан Ристески, македонски научен работник, поет и раскажувач.
1938 – Софија Грчка, кралица на Шпанија.
1962 – Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на Република Македонија.
1974 – Нели, американски рапер.

Починале:
1950 – Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар.
1963 – Нго Дин Дием, претседател на Јужен Виетнам.
1990 – Панче Мировски, првиот лирски тенор на македонската оперска сцена и своевидна легенда на Штип.
2004 – Тео ван Гог, холандски режисер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *