Настани:
1512 – Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за прв пат ѝ е претставен на јавноста.
1755 – Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе.
1946 – Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1952 – Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Пацификот.
1954 – Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1973 – Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
1981 – Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија.
1993 – Стапува во сила Договорот од Мастрихт, со што се создава Европската Унија.
1998 – Создаден е Европскиот суд за човечки права.
2002 – Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.
Родени:
1339 – Рудолф IV Австриски, војвода од Австрија.
1351 – Леополд III Австриски, војвода од Австрија.
1549 – Ана Австриска, сопруга на Филип II Шпански.
1757 – Антонио Канова, италијански вајар (†1822)
1801 – Винченцо Белини, италијански оперски композитор.
1813 – Петар Петровиќ – Његош, владика и владетел на Црна Гора.
1839 – Ахмед Мухтар Паша, отомански Голем Везир.
1842 – Стојан Новаковиќ, српски политичар и научник.
1864 – Елисавета Фјодоровна.
1871 – Стивен Крејн, американски писател.
1880 – Алфред Вегенер, германски метеоролог и геолог.
1892 – Александар Александрович Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
1902 – Еуген Јохум, германски композитор.
1921 – Владимир Ќосевски, македонски архитект и урбанист.
1923 – Гордон Диксон, канадски писател на научна фантастика.
1941 – Дивна Лакинска, македонски андрагог.
1943 – Алајдин Абази, македонски академик, универзитетски професор и член на МАНУ.
1946 – Џанг Деџианг, заменик-премиер на Кина (економија).
1957 – Сади Беџети, македонски универзитетски професор.
1963 – Рик Ален, член на Лед Цепелин.
1972 – Пол Диков, шкотски фудбалер.
1972 – Тони Колет, австралиска актерка.
1973 – Роберт Лукетиќ, австралиски филмски режисер.
1979 – Милан Дудиќ, српски фудбалер.
1983 – Јелена Томашевиќ, српска поп пејачка.
1983 – Јоко Огура, јапонски модел.
Починале:
921 – Ричард Бургундски, војвода од Бургундија.
955 – Хенрик I Баварски, војвода од Баварија.
1391 – Амадеус VII Савојски, гроф од Савоја.
1399 – Јован V Британски, војвода од Британија.
1546 – Јулио Романо, италијански уметник.
1642 – Жан Николе, француски истражувач.
1804 – Јохан Фридрих Гмелин, германски хемичар.
1860 – Александра Фјодоровна, руска императорка.
1894 – Александар III Александрович, руски цар.
1903 – Теодор Момсен, германски историчар.
1907 – Алфред Жари, француски драматург.
1972 – Езра Паунд, американски поет.
1995 – Васил Иљоски, македонски драмски писател.
Празници:
* Антигва и Барбуда – ден на независноста (национален празник).
* Католицизам – Ден на сите светци.
* Алжир – ден на револуцијата (национален празник).
* Светски ден на веганците.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!