Top

Добро утро (8-ми ноември)

8-ми ноември е 312-иот ден во годината според григоријанскиот календар (313-и во престапна година). Остануваат 53 денови до крајот на годината.

Настани:
392 – Византискиот император Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија.
1620 – Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светата Римска империја.
1793 – Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј.
1889 – Монтана станала 41-ва држава на САД.
1895 – Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил Икс-зраците.
1932 – Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД.
1941 – Основана е Комунистичката партија на Албанија.
1944 – Ослободени се Штип, Неготино и Струга.
1960 – Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД.
1977 – Грчкиот археолог Манолис Андроникос го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш (Вергина).
1995 – Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995 – Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.

Родени:
30 – Нерва, римски император.
1622 – Карл X, крал на Шведска.
1656 – Едмонд Халеј, англиски астроном, геофизичар, математичар и физичар.
1837 – Илија Чавчаваѕе, грузиски писател, поет и новинар.
1848 – Готлоб Фреге, германски математичар.
1868 – Феликс Хаусдорф, германски математичар.
1875 – Милан Матов, револуционер и брат на Христо Матов.
1878 – Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла.
1878 – Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист.
1900 – Маргарет Мичел, американска писателка.
1906 – Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник.
1920 – Божидар Видоески, македонски писател, македонист, познат лингвист и член на МАНУ.
1935 – Ален Делон, француски актер и режисер.
1977 – Јусуп Абдусаломов, таџикистански борач.
1980 – Луиш Фабиано, бразилски фудбалер.
1983 – Бланка Власиќ, хрватска атлетичарка.
1983 – Павел Погребњак, руски фудбалер.

Починале:
618 – Адеодат I, римски папа.
955 – Агапит II, римски папа.
1719 – Мишел Рол, француски математичар.
1226 – Луј VIII, француски крал.
1647 – Џон Милтон, англиски поет.
1890 – Сесар Франк, француски композитор.
1945 – Атанас Лозанчев, македонски револуционер.


Извор: Wikipedia | Фото: Димитар Мишев

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *