Top

Добро утро (9-ти ноември)

9-ти ноември е 313-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (314-и во престапна година). Остануваат 52 денови до крајот на годината.

Настани:
1494 – Семејството Медичи станале владетели на Фиренца.
1799 – Во Франција се случува државниот преврат на 18 бример предводен од Наполеон Бонапарта.
1918 – Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм Втори абдицирал. Тоа бил крајот на Германското царство и почеток на републиката. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт.
1921 – Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
1938 – Кристална ноќ во Нацистичка Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите.
1944 – Ослободен е Велес.
1971 – Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации.
1985 – Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
1989 – Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница спрема Сојузна Република Германија (Западна) – „падна“ Берлинскиот ѕид.
1993 – На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1993 – Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 год.

Родени:
1389 – Изабела Валоа, сопруга на Ричард II.
1818 – Иван Тургењев, руски писател.
1841 – Едвард VII, крал на Обединетото Кралство.
1855 – Александрос Зајмис, грчки премиер.
1888 – Жан Моне, француски политичар.
1902 – Митрофан Неделин, советски генерал.
1929 – Имре Кертес, унгарски писател.
1932 – Јордан Костадинов, прв претседател на ОМО Илинден.
1934 – Карл Саган, американски астроном.
1945 – Валериј Сердјуков, гувернер на Ленинградската област.
1950 – Алдо Климан, собирач на македонски и хрватски старини.
1972 – Ерик Дејн, американски актер.
1974 – Алесандро дел Пјеро, италијански фудбалер.

Починале:
959 – Константин VII Порфирогенит, византиски император.
1778 – Џовани Батиста Пиранези, италијански уметник.
1923 – Димитар Ацев, македонски комунист.
1970 – Шарл де Гол, француски генерал и државник.
1972 – Елисие Поповски, делегат на Првото заседание на АСНОМ.
1918 – Гијом Аполинер, француско-италијански писател.
1991 – Ив Монтан, француски актер.
1992 – Александар Дубчек, словачки политичар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *