Top

Добар ден (7-ми мај)

7-ми мај е 127-иот ден во годината според григоријанскиот календар (128-и во престапна година). Остануваат 238 денови до крајот на годината.

Настани:
1755 – На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само философски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука.
1838 – Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата.
1929 – За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.
1939 – Втора Светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин – Рим“.
1993 – Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
1999 – Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.

Родени:
1833 – Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната и лидот.
1840 – Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на XIX век.
1841 – Гистав Ле Бон, истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“.
1861 – Рабиндранат Тагоре, индиски поет и философ.
1892 – Јосип Броз – Тито, југословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
1919 – Ева Перон, сопруга на претседателот Хуан Перон.
1986 – Евгениј Воронов, руски кошаркари.

Починале:
1906 – Андонис Влахакис, андарстки капетан.
1924 – Димитар Благоев, бугарски политичар.
1925 – Тодор Паница, бугарски револуционер, деец на ВМОРО.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *