Настани:
1682 – Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај.
1889 – Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри.
1937 – Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство.
1991 – Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.
1994 – Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.
1994 – Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција.
2007 – Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.
Родени:
1501 – Папа Марцелиј II, римски папа.
1848 – Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф.
1856 – Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата.
1868 – Николај II, руски цар.
1869 – Апостол Петков, македонски револуционер.
1953 – Тони Блер, британски политичар.
1954 – Дора Бакојани, грчка јавна личност.
1961 – Џорџ Клуни, американски актер и режисер.
Починале:
1910 – Едвард VII, британски крал.
1945 – Џемаил Хасани, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија.
1949 – Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло.
1991 – Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти во Југославија.
1992 – Марлен Дитрих, прочуена американска филмска актерка од германско потекло.
1993 – Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик.
Празници:
* Ѓурѓовден, денот кога во 303 година според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј.
* Ерделез, традиционален празник на Ромите.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!