Настани:
1886 – Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалок подоцна наречен „Кока-Кола“.
1898 – Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига.
1902 – На Мартиник еруптирал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен-Пјер убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале.
1921 – Во Шведска е укината смртната казна.
1945 – Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира.
1992 – Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995 – Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.
Родени:
1828 – Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основоположник на Црвениот Крст и на Женевските конвенции.
1858 – Руџеро Леонкавало, италијански композитор.
1884 – Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД.
1914 – Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог.
1933 – Џемаил Максут, македонски театарски и филмски актер.
1954 – Џон Мајкл Телбот, американски пејач.
1960 – Реџеп Акдаг, министер за здраство на Република Турција.
1975 – Енрике Иглесијас, шпански пејач.
1985 – Александар Каун, руски кошаркар.
1986 – Дарко Соколов, македонски кошаркар.
Починале:
615 – Папа Бонифациј IV, римски папа.
685 – Папа Бенедикт II, римски папа.
1794 – Антоан Лавоазје, француски научник и хемичар.
1880 – Гистав Флобер, француски писател.
1891 – Мадам Блаватска, основач на теозофијата и Друштвото на теозофичари.
1905 – Јосип Јурај Штросмајер, римокатолички бискуп, добродетел и политичар од Хрватска.
1907 – Захариас Пападас, деец на грчката воружена пропаганда.
1925 – Тодор Паница, бугараски револуционер.
1945 – Насте Сотироски, партизан од Македонија.
1977 – Тодор Павлов, бугарски комунист.
Празници:
* Светски ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.
* Свети Евангелист Марко, кој, според традицијата, се жртвувал за Христа на денешен ден во 68. година во Александрија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!