Top

Добро утро (31-ви мај)

31-ви мај е 151-иот ден во годината според григоријанскиот календар (152-и во престапна година). Остануваат 214 денови до крајот на годината.

Настани:
1942 – Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1961 – Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.
1962 – Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
1991 – Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.

Родени:
1656 – Марен Маре, француски композитор за виола да гамба
1872 – Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи.

Починале:
1594 – Јакопо Робусти Тинторето, Италијански сликар.
1809 – Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор.
1962 – Адолф Ајхман, нацистичкиот злосторник, обесен после судскиот процес во кој е утврдено дека е виновен за смртта на шест милиони луѓе.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *