Top

Добро утро (1-ви јуни)

1-ви јуни е 152-риот ден во годината според григоријанскиот календар (153-ти во престапна година). Остануваат 213 дена до крајот на годината.

Настани:
1880 – Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на „Јејл банката“ во Њу Хевен.
1941 – Втора Светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.
1953 – Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања.
1988 – Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница ТАТ е осудена на казна затвор од 8 години.
1992 – Во Скопје е поставен камен – темелникот на Домот – музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.
1994 – Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.
1994 – Јужна Африка по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.
1994 – Во Скопје е поставен камен – темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
2005 – Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако.
2008 – На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.

Родени:
1804 – Михаил Иванович Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија
1815 – Ото I, крал на Грција.
1926 – Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска артистка.
1946 – Славе Димитров, македонски композитор, пејач и аранжер.
1943 – Драган Јаневски, македонски поет.
1973 – Хајди Клум, германска манекенка.
1974 – Аланис Морисет,канадско-американска пејачка.

Починале:
193 – Дидиј Јулијан, римски император.
1846 – Папа Григур XVI, римски папа.
1946 – Јон Антонеску, премиер на Романија.
1952 – Џон Деви, американски филозоф.
1968 – Хелен Келер, американска активистка и писателка.
1974 – Хуан Перон, аргентински политичар и државник.
2003 – Панче Васоски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
2008 – Ив Сен Лорен, француски моден креатор.
2010 – Андреј Вознесенски, руски поет и писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *