Top

Добро утро (30-ти мај)

30-ти мај е 150-иот ден во годината според григоријанскиот календар (151-и во престапна година). Остануваат 215 денови до крајот на годината.

Настани:
1498 – Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1973 – Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981 – Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.
1998 – Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.

Родени:
1220 – Александар Невски, голем принц на Новгород и Владимир и руски светец.
1845 – Амадеј I, крал на Шпанија.
1876 – Владимир Назор, хрватски писател.
1896 – Хауард Хокс, американски филмски режисер.
1922 – Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1928 – Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент
1932 – Хозе Мело, филипински правник.
1934 – Алексеј Леонов, советски космонаут.
1936 – Димитар Димитров, македонски поет.
1937 – Љубиша Георгиевски, македонски политичар и филмски режисер.
1949 – Симјон Симев, македонски поет.
1950 – Саво Костадиновски, македонски поет.
1950 – Бертранд Делано, градоначалник на Париз.
1951 – Здравко Чолиќ, босанско-српски поп-пејач.
1964 – Венко Андоновски, македонски писател.
1973 – Лариса Косорукова, израелска кануиста-спринтер.
1981 – Девендра Банхарт, фолк рок пејач-текстописец и музичар.

Починале:
1431 – Јованка Орлеанка (Жан Д’ Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна.
1574 – Шарл IX, француски крал.
1594 – Балинт Балаши, ренесансен лирски поет, основач на модерната унгарска лирика.
1640 – Петар Паул Рубенс, фламански сликар.
1744 – Александар Поуп, англиски поет.
1778 – Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф.
1905 – Боривоје Јовановиќ-Брана, војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1918 – Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *