Настани:
1453 – Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Константинопол, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување.
1953 – Сер Едмунд Хилари и шерпасот Тенсинг Норкај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри.
1996 – Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.
1996 – Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт – ЦЕМТ.
Родени:
1439 – Папа Пиј III, римски папа.
1917 – Џон Кенеди, претседател на САД.
1923 – Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија.
1927 – Димитрие Османли, македонски дипломиран филмски и театарски режисер.
1934 – Есад Бајрам, македонски поет.
1940 – Таихо Коки, јапонски сумо борач.
1965 – Саша Митрев, македонски професор.
1971 – Зоран Витанов, македонски политичар и економист.
1971 – Габриела Конеска Трајковска, вицепремиер на Македонија.
1977 – Масимо Амброзини, италијански фудбалер.
1980 – Антон Рјаков, узбекистански русин кану-спринтер.
1981 – Андреј Аршавин, руски фудбалер.
Починале:
1453 – Константин XI Палеолог – Последниот римски (византиски) император. Легендата вели дека кога османлиите влегле во Константинопол, еден ангел го спасил императорот и го сместил во пештера под Златната порта, каде тој ќе чека да биде вратен во живот кога Константинопол повторно ќе стане христијански град.
1982 – Роми Шнајдер, австриска филмска артистка.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!