Настани:
904 – Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.
1498 – Кристифор Колумбо, големиот шпански морепловец, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидад, а потоа и за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1849 – Во битката кај Шегешвар, умира Шандор Петефи, најголемиот унгарски поет на сите времиња, водачот на националното движење од 1848 година.
1941 – Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за елиминирање на Евреите во Европа.
1945 – Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.
1954 – Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот Годвин Остин, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.
1964 – Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј.
Родени:
1800 – Фридрих Велер, германски хемичар.
1912 – Милтон Фридман, американски економист и нобеловец
1919 – Примо Леви, италијански писател.
1965 – Џоан Роулинг, шкотска писателка.
1969 – Антонио Конте, италијански фудбалер и тренер.
Починале:
1784 – Дени Дидро, француски филозоф.
1849 – Шандор Петефи, унгарски поет.
1886 – Франц Лист, унгарски пијанист и композитор.
1907 – Пандо Кљашев, македонски револуционер.
1944 – Антоан де Сент-Егзипери, француски писател и авијатичар.
2001 – Тахир Синани, поранешен член на ОНА.
2001 – Бурим Хусеини, поранешен член на ОНА.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!