Top

Добро утро (1-ви август)

1-ви август е 213-иот ден во годината според григоријанскиот календар (214-и во престапна година). Остануваат 152 денови до крајот на годината.

Настани:
30 п.н.е. – Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет.
527 – Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиската империја.
1291 – Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација.
1492 – Фердинанд II од Арагон и Изабела I од Кастилја ги протерале евреите од Шпанија.
1498 – Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела.
1834 – Ропството е укинато во Велика Британија.
1902 – САД ги откупиле правата на Панамскиот канал од Франција.
1944 – Ана Франк го пишува последниот податок во својот „Дневник“.
1960 – Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан.
1981 – Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура.

Родени:
1744 – Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и философ.
1815 – Ричард Хенри Дана, американски писател и адвокат.
1819 – Херман Мелвил, американски писател, есеист и поет.
1893 – Александар, крал на Грција.
1899 – Џими Ејнџел, американски авијатичар.
1919 – Димко Најдов, македонски револуционер.
1952 – Зоран Ѓинѓиќ, српски премиер.
1967 – Нехат Беќири, македонски сликар.
1984 – Бастиан Швајнштајгер, германски фудбалер, играч на Баерн Минхен.

Починале:
1137 – Луј VI Дебелиот, крал на Франција.
1402 – Едмунд, Прв војвода од Јорк.
1911 – Едвин Остин Абел, американски уметник.
1944 – Климе Кордоски, македонски борец.
1966 – Чарлс Витмен, американски масовен убиец, убиен од полицијата.
1967 – Ричард Кан, австриски хемичар и Нобелов лауреат.
1968 – Мито Хаџивасилев – Јасмин, македонски револуционер, новинар и публицист.
1990 – Греам Јанг, британски сериски убиец, попознат како Чајниот трујач.
1997 – Свјатослав Рихтер, руски пијанист.
2005 – Фад бин Абдул Азис, крал на Саудиска Арабија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *