Top

Добро утро (2-ри август)

2-ри август е 214 ден во годината според григоријанскиот календар (215 во престапна година). Остануваат 151 денови до крајот на годината.

Настани:
338 п.н.е. – Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над комбинираните сили на Атина и Теба.
219 п.н.е. Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска армија.
1903 – Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Kичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Mариовско.
1944 – Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов – Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
1991 – Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.

Родени:
1696 – Махмуд I, отомански султан.
1876 – Александар Белиќ, македонист и филолог.
1926 – Евдокија Фотева – Вера, македонска револуционерка.
1934 – Александар Стојановиќ, македонски балетски играч.
1932 – Питер О’Тул, ирски актер.
1939 – Вес Крејвен, американски филмски режисер, еден од татковците на современиот хорор жанр.
1940 – Коле Мангов, македонски поет и публицист.
1942 – Изабел Аљенде, чилеанска писателка.
1943 – Љерка Тот – Наумова, македонски поет и преведувач.
1976 – Сем Вортингтон, австралиски актер.

Починале:
640 – Папа Северин, римски папа.
686 – Папа Јован V, римски папа.
1589 – Анри III, француски крал.
1667 – Франческо Боромини, италијански архитект.
1788 – Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист.
1911 – Апостол Петков, македонски револуционер.
1921 – Енрико Карузо, италијански тенор, еден од најголемите оперски пејачи во историјата.
1922 – Александар Греам Бел, шкотски иноватор, изумител на телефонот.
1934 – Паул фон Хинденбург, германски маршал и државник.
1944 – Никола Кордоски, македонски партизан.
1962 – Никола Киров Мајски, македонски писател.
1963 – Ѓорѓи Абаџиев, македонски раскажувач.
1976 – Фриц Ланг, австриски филмски режисер.
2009 – Георги Василевски, македонски филмски критичар.

Празници:
* Македонија – Илинден, Ден на Републиката.
* Христијански празник на пророкот Св. Илија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *