Top

Добро утро (3-ти август)

3-ти август е 215-иот ден во годината според григоријанскиот календар (216-и во престапна година). Остануваат 150 денови до крајот на годината.

Настани:
1492 – Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка.
1909 – Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
1914 – Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција.
1936 – Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на Олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф.
1946 – Во САД се основа Националната Кошаркарска Асоцијација.
1960 – Нигер се стекнува со независност од Франција.
2002 – Турција ја укина смртната казна

Родени:
1832 – Иван Зајц, хрватски композитор.
1882 – Алојз Градник, словенечки поет.
1926 – Тони Бенет, американски пејач.
1959 – Коичи Танака, јапонски хемичар и Нобелов лауреат.
1979 – Еванџелин Лили, канадска актерка.
1982 – Виктор Хрјапа, руски кошаркар.
1989 – Сем Хатчинсон, англиски фудбалер.

Починале:
1857 – Ежен Си, француски писател.
1902 – Лазар Москов, македонски револуционер. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, разви организациона дејност во Костурско. Таму тој стана еден од поактивните организатори на ТМОРО и со својата агитација ја подигнуваше револуционерната свест и борбеноста на македонскиот народ. Роден е во селото Д’мбени во 1877 година.
1924 – Џозеф Конрад, британски писател со полско потекло, автор на „Срце на темнината“.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *