Top

Добро утро (30-ти јули)

30-ти јули е 211-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (212-и во престапна година). Остануваат 154 денови до крајот на годината.

Настани:
1619 – Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.
1971 – Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.
1974 – Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.
1975 – Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа.
1980 – Вануату прогласува независност.

Родени:
1511 – Џорџо Вазари, италијански сликар и архитект.
1818 – Емили Бронте, англиска писателка.
1863 – Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили.
1898 – Хенри Мур, британски вајар.
1947 – Арнолд Шварценегер, американски актер и политичар.
1950 – Габриеле Салваторес, италијански режисер и сценограф.
1970 – Кристофер Нолан, британско-американски филмски режисер.
1982 – Ивон Страховски, австалиска актерка.

Починале:
579 – Папа Бенедикт I, римски папа.
1771 – Томас Греј англиски поет.
1898 – Ото фон Бизмарк, Железниот Канцелар, обединителот на Германија.
1912 – Муцухито, јапонски цар.
1974 – Лав Книпер, руски композитор.
1996 – Клодет Колбер, ѕвезда на Холивудските комедии.
2007 – Ингмар Бергман, шведски филмски и театарски режисер и сценарист.
2007 – Микеланџело Антониони, италијански режисер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *